Објавени се кандидатите кои ќе се борат за да ја претставуваат Велика Британија на Евровизија во Израел во мај, пренесува „Би-Би-Си“.
Тие имаат три песни на кои треба да им дадат посебен шарм со цел да ја освојат публиката.
На 8 февруари ќе биде прогласен победникот.
Во трка се: учесничката на музичкото шоу „Х Фактор“ во 2017 година – Холи Тенди, победникот на музичкото шоу „All Together Now“ – Мајкл Рајс, момчето кое беше дел од бендови и учесник на „Британија има талент“ – Џордан Кларк, ново формираната група составена од три девојки (една од нив ќе се појави во верзијата на Аладин на Гај Ричи) – Маид, учесничката на „Х Фактор“ во 2015 – Кери Ен Филипс, како и Аниша Могхадам, прогласена за „Future Sounds“ во 2016 година од „BBC Asian Network“.
Дел од песните може да ги слушнете тука.
ФОТО: Би-Би-Си