Италијанските медиуми вчера пренесоа дека холивудскиот актер Џорџ Клуни е полесно повреден во сообраќајна несреќа која се случила на патот кај Коста Коралина на Сардинија.
Возачот на автомобилот веднаш излетал од возилото и му помогнал на актерот додека ја чекале Итната помош. Клуни имал кацига на главата при несреќата, а бил префрлен во болницата „Иван Павле Втори“.
Локалниот весник „Ла нуова Сардења“ пишува дека Клуни се упатил со својот мотор кон филмскиот сет, кога на него налетал пикап.
Клуни на Сардинија во моментот се наоѓа поради снимање на филм.
ФОТО: Твитер