За да ги одбере убавиците кои ќе се најдат на оваа листа, „Максим“ применил два критериума: гласање на социјалните мрежи и одлука на жири составено од одбрани и еминентни стручњаци, односно од „познати мажи чија сексуална ориентација не е спорна“, се наведува во магазинот.
Петте најубави Русинки се овие убавици:
Ирина Шајк
Светски познатата руска манекенка се позиционира меѓу првите шест убавици уште откако првпат во 2011 година се појави на листата на магазинот „Максим“. Годинава прекрасната Ирина е најубавата Русинка и се наоѓа на првата позиција на листата на „Максим“.
Љубов Новикова Аксјонова
Ова е петто појавување на листата на оваа телевизиска и филмска актерка. Лани Љубов веќе беше меѓу првите 10 најсексапилни, заземајќи го шестото место. .
Олга Сериабкин
Олга Сериабкин е третата најубава Русинка годинава. Пејачката која во Русија стана позната и славна како дел од бендот „Серебро“ годинава ја напушти групата по 13 години кариера.
Убавата Олга како и лани повторно е третата руска убавица според изборот на „Максим“.
Вики Одинтсова
Моделот Вики Одинтсова станала ѕвезда на Инстаграм кога без заштитна опрема се искачила на врвот на 73- катната зграда во Дубаи.
Вики која во моментов има околу 5 милиони фанови на социјалните мрежи по првпат се појавува на листата на Максим и е рангирана на високото петто место.
Jана Кошкин
Листата на петте најубави Русинки според Максим ја комплетира телевизиската водителка и актерка Jана.
Атрактивната Jана по третпат е на листата на најсексапилни и најубави жени во Русија.
Jана лани го заземала 21. место, во 2017 била на 36. позиција, а годинава е на петата најубава Русинка.
FOTO: Instagram/Printskrin