Поладнево порталот А1.мк објави видео снимка од разговор меѓу пратеникот Антонио Милошоски и поранешниот претседател на Врховен суд, Јово Вангеловски, во врска со предметот со Здружението на возачи-Кичево.
Поради фактот што снимската не е обајвено во форма на јавен настан, Плусинфо не може да ја објави нејзината содржината.
По објавувањето на снимката, Милошоски на својот профил на Фејсбук напиша дека станува збор за нелегално направени снимки од УБК во 2011 година, во времето на Мијалков.
„Го знам лицето кое нелегално ги поседува копиите од сите снимки од СЈО, лично ја координира селекцијата и ја нарачува нивната објава. Тоа е лицето З.З., оној кој лажно тврдеше дека ги предал сите снимки на СЈО и дека не поседува копии од истите. Се слушаме наскоро #ТикТак“, напиша Милошоски.