ОБСЕ: Скопје и Атина постигнаа историски договор

152

Претседавачот на ОБСЕ, италијанскиот министер за надворешни работи Енцо Моаверо Миланези, и генералниот секретар на таа организација Томас Гремингер, го поздравија договорот меѓу Скопје и Атина за решавање на спорот за името.

Тие во соопштенијата наведуваат дека договорот е чекор напред кон јакнење на регионалната стабилност.

–  Им честитам на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за нивното лидерство и посветеност на овој процес кој е  многу важен за двете земји, за Југоисточна Европа и за Европа во целост – вели Моаверо, додавајќи оти ова е единствена можност што мора да се искористи.

Гремингер, пак, го нагласува значењето на дијалогот и компромисот во  овој процес.

– Овој историски договор може да доведе до долгорочно решение во корист на сите граѓани и на целиот регион – наведува генералниот секретар на ОБСЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...