ОБСЕ: Насилството не е одговор за проблемите на Албанија

104
ФОТО: EPA / MALTON DIBRA

Мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Тирана реагираше во врска со синоќешниот протест, осудувајќи ги актите на насилство што се случија.

Во официјална реакција, ОБСЕ наведува дека насилството не е одговор за проблемите со кои се соочува Албанија и дека политичкото насилство е казниво.

– Насилството не е одговор за проблемите на Албанија. Повторно го осудуваме политичкиот поттик на насилство и повикуваме на воздржаност и одговорност. Протестрањето е демократски чин, но горење гуми, со користење на разни предмети и пробивање на полицискиот кордон за напад врз јавна институција, посебно во срцето на демократијата, не се тоа – стои во реакцјата на Мисијата на ОБСЕ.

Во реакцијата се нагласува дека со вознемиреност ја следат состојбата и им честитаат на медиумите за големата услуга што ја прават за демократијата преку директно известување.

ФОТО: EPA / MALTON DIBRA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...