ОБСЕ го осуди заканувачкиот твит на Чилиманов упатен кон новинарката Хопкинс

2023

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите најостро го осуди твитот на Цветин Чилиманов упатен кон дописничката на Фајненшл Тајмс, Валери Хопкинс, која го покриваше референдумот во Македонија.

– Заканувачкиот твит на Цветин Чилиманов кон Валери Хопкинс е срамен и неприфатлив. Сите закани кон новинари, особено повиците за насилство кон жени новинарки се неодговорни. Чилиманов мора веднаш да го отстрани твитот, напиша Харлем Дезир на Твитер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...