Протестот на опозицијата во Белград заврши вечерва околу 18 часот со обраќање на лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ кој рече дека бараат до утре до 15 часот да бидат ослободени приведените за вчерашниот упад во зградата на РТС, јави дописникот на МИА од Белград.
Според него, тоа се деца на возраст од 18 до 20 години и побара лидерите на опозицијата да бидат секојдневно на програмите на државната телевизија и радио.
– Сите уапсени кои имаат меѓу 18 и 20 години, се тргнати од оваа станица и испратени во различни судови за прекршоци каде им се изречени различни мерки од 48 часови приведување до притвор од еден месец – нагласи Обрадовиќ.
Според него, доколку полицијата не ги солободи, организаторите ќе продолжат со протести до исполнување до крај на своите барања.
Опозиционерите најавија дека се подготвуваат и контрамитинзи за поддршка на претседателот Александар вучиќ.
– Претседателот на Србија, Александар Вучиќ е луд бидејќи собира свои активисти за да ги испрати во Белград. Тој сака граѓанска војна ама ние нема да учествуваме во тоа. Кога пак ќе се собереме, нема назад. Тоа е крај – нагласи Обрадовиќ.
Photo: EPA / SRDJAN SUKI