ОБНОВЕНО 20 работници повредени во сударот кај селото Мамутчево

Кај осуммина беа утврдени полесни телесни повреди и се хоспитализирани во болницата, а останатите 20-тина по укажаната медицинска помош во амбулантата на болницата испратени се на домашно лекување.

819

Дваесет работници се повредени во сообраќајката што се случи попладнево околу 13:20 часот на излезот од велешкото село Мамтучево во која се судрија камион и автобус кој превезувал работници од Велес.

Како што информира за МИА Весна Лазаровска од ЈЗО Општа болница Велес пред 50-тина минути со возило на итна медицинска помош од Велес во болницата итно биле донесени 20 повредени работници.

– Сите беа прегледани и им беше укажана медицинска помош од тимот на Општа болница Велес предводени од хирургот д-р Филип Тодоровски. Кај осуммина беа утврдени полесни телесни повреди и се хоспитализирани во болницата, а останатите 20-тина по укажаната медицинска помош во амбулантата на болницата испратени се на домашно лекување – информира Лазаровска.

Екипа на СВР Велес е на терен и прави увид за утврдување на причината за сообраќајната несреќа.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...