ОБНОВЕНО Парламентот ја констатира оставката на Заев (ВИДЕО)

Откако Спасвски ќе ги достави до Собранието предлозите за министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика - Наќе Чулев и Рашела Мизрахи, а веројатно и Мила Царовска за вицепремиерка за економија, спикерот Џафери треба да закаже нова седница за избор на новите министри

879

Парламентот ја констатира оставката на досегашниот премиер Зоран Заев -во почетокот на 127. седница што беше закажана денеска претпладне. Лидерот на СДСМ не ја искористи можноста да ја образложи оставката пред пратениците. По констатирањето на оставките, собраниската седница беше прекината без да почне расправа по неколкуте точки на дневниот ред.

Заев претпладнево ја поднесе оставката, со што сега е во оставка целата политичка влада на СДСМ и ДУИ,што тој ја предводеше од летото 2017 година, по последните парламентарни избори на 11 декември 2016 година. Оставката се констатира без гласање. Претходно, во парламентот имаше неформална координација на претседателот на парламентот Талат Џафери со шефовите на пратеничките групи, за да се договорат деталите околу изборот на преодната влада.


Откако Заев ја поднесе оставката, Џафери веднаш ја закажал 127. седница за таа да може да биде констатирана. Претседателот Стево Пендаровски во 13.45 часот ќе му го даде мандатот на Оливер Спасовски за формирање на техничката влада. Потоа,  идниот премиер треба да ги достави до Собранието предлозите за министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика – Наќе Чулев и Рашела Мизрахи, а веројатно и Мила Царовска за вицепремиерка за економија.  Следен чекор е спикерот Џафери  да закаже нова седница за избор на новите министри.

Поради процедурите што треба да се заокружат, се очекува седницата за избор на владата да почне подоцна попладнево, а треба да заврши до полноќ. Потоа, на нова седница треба да бидат избрани и петмина дополнителни заменик-минстри – двајца од СДСМ и тројца од ВМРО-ДПМНЕ, предложени од новоизбраниот премиер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...