Корисници на интернет преку операторот Телеком се пожалија дека немаат пристап до интернет.
Според говорната порака на телефонот за контакт на Телеком 070 122, нивните екипи работат на отстранување на дефектот.
Нема информација колкав е обемот на дефектот и колку време корисниците ќе бидат без интернет.
ОБНОВЕНО
Станува збор за микро потешкотија на одредена локација, и проблеми со пристап до интернет на многу мал број корисници. Луѓето од Телеком се на терен и брзо ќе се надмине проблемот. Значи не станува збор за ништо посериозно, и од голем обем, објасни од ПР службата на Телеком.