ОБНОВЕНО: Огнот над Пинтија се доближил на 200 метра од куќите

Во гаснењето на пожарот учествуваат три возила со седум пожарникари, а ќе биде испратено уште едно возило.

679

Пожарот што избувна попладнево во шумата над скопската населба Пинтија сèуште не е ставен под контрола. Зафатена е поголема површина мешана шума, а огнот, како што попладнево објавија од Центарот за управување со кризи (ЦУК) на Фејсбук, е на околу 200 метри од куќите.

Жители на скопската населба Пинтија претходно алармираа дека голeм пожар попладнево избил над населбата, пренесе Сител телевизија, каде и со фотографии се обратиле жители на оваа скопска населба.

„Пожар над населбата Пинтија. Гори сува трева и ниска деградирана шума. На лице место се екипи од Бригадата за протипожарна заштита (БППЗ). Поради непристапноста на теренот, и големиот фронт на пожарот, гаснењето е отежнато. Моментално, пожарот е на околу 200 метри од последните куќи. Состојбата се следи“, наведуваат од ЦУК на Фејсбук.

Како што претходно соопштија од Територијалната против пожарна единица на Град Скопје, во гаснењето на пожарот учествуваат три возила со седум пожарникари, а ќе биде испратено уште едно возило.

– Шумски пожари има и над селото Долно Блаце и кај селото Мојанци над Арачиново, кои се од помал обем. На терен се испратени екипи на ТПП кои ги гаснат и овие пожари, информираа од Територијалната против пожарна единица на Град Скопје.

Во гаснењето на пожарот е вклучено и локалното население, а според нивни информации, се чекало на екипа на МЕПСО да го исклучи далноводот за да може да се интервенира и со канадери.

ФОТО Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...