Најмалку 72 лица загинаа, а 40 се водат како исчезнати во поплавите и лизгањата на земјиштето предизвикани од невремето проследено со пороен дожд, што ги зафати западните и централните делови на Јапонија, соопштија попладневи јапонските власти.
Спасувачите ја проширија потрагата по исчезнатите лица и по оние кои се заглавени поради свлечиштата и поплавите. Само во округот Окајама, кој е еден од најпогодените, околу 1.850 лица останале заглавени на покривите на поплавените куќи.
Поради елементраната непогода наредена е евакуација на 5,9 милиони луѓе во 19 јапонски окрузи, а околу 30.000 лица веќе се сместени во прифатни центри.
Во акцијата за спасување учествуваат 54.000 полицајци, пожарникари и припадници на крајбрежната стража, како и 40 хеликоптери.
Ова невреме е најголемо што ја зафатичо Јапонија од 1976 година.