ОБНОВЕНО Екс претседателот на младината на ГРОМ формира ново движење

3972

Екс претседателот на Форумот на млади на ГРОМ, Благојче Атанасоски, ја напушти партијата и формираше ново проевропско граѓанско движење Македонска опција за демократска акција – МОДА.

Новото движење тој празнично го најави и на неговиот Фејсбук профил на кое, како што пишува во соопштението, целта е борбата против корупцијата, како најгангренозна „рак-рана“ на македонското општество, која ги има зафатено сите општествени пори.

„Освен беспоштедната борба против корупцијата и организираниот криминал , МОДА ќе се залага и за промена на изборниот модел и воведување на една изборна единица со отворени партиски листи, за конечно македонските граѓани да имаат вистински избор на „народни избраници“, а не да бираат партиски послушници и поданици.
Промена на избор на Претседател на државата, наместо на непосредни избори, истиот да се бира во Собранието на Република Македонија со ¾ мнозинство. На тој начин , парламентарните политички партии и елити ќе изберат консензуален кандидат за претседател на РМ, и истиот ќе биде вистински „татко на нацијата“, одошто партиска продолжена рака како досегашните“, пишува во соопштението.

ОБНОВЕНО

До редакцијата на Плусинфо, во меѓувреме стигна реакција дека Благојче Атанасоски не е актуелен претседател на младината на ГРОМ, како што првично објавивме.

„Би сакале да ве информираме дека, лицето Благојче Атанасовски не е актуелен претседател на Форумот на Млади на Граѓанската Опција за Македонија.
Заклучно со 11.12.2017 година на седница на ФОМ-ГРОМ, Благојче Атанасовски е исклучен од партијата. Извршниот Одбор на партијата ја прифати оваа одлука, а иста ја спроведе и пред Централниот Одбор на чија седница (16.03.2018), Атанасовски беше исклучен од партијата заедно со пратеникот Чедомир Саздовски, а како ВД претседател на ФОМ-ГРОМ беше предложена и изгласана Маја Стаменковска и истата ја извршува и до денешен ден“, наведуваат од ГРОМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...