Едно лице е рането во оружена престрелка што се случи денеска во скопската населба Маџари.
Според првичните информации, ранетото лице не е во животна опасност. Приведени се и две лица кои учествувале во инцидентот.
До престрелката дошло поради нивно меѓусебно недоразбирање.
Полициски екипи сѐ уште се на терен и во текот на денот се очекуваат официјални детали од МВР.