Обновено: Еден патник со тешка повреда на черепот, а некои од автобусот ги извлекувале пожарникари

Од болницата во Лесковац велат дека 14 патници ќе бидат пуштени откако им била укажана лекарска помош. Тие ќе бидат згрижени во Лесковац, додека не дојде автобус од Македонија Се очекува македонското Министерство за надворешни работи да излезе со информација за тешката сообраќајна несреќа.   

2471

Во автобусот од Македонија кој ноќеска се преврте кај Лесковац, при што тројца патници починале, а 32 биле повредени, како што веќе објави Плусинфо, еден патник се здобил и со тешка повреда на черепот, а дел од патниците останале заробени во автобусот, па морало да ги извлекуваат пожарникари, јавуваат српските медиуми.

– Автобусот беше превртен на страна, тројца патници беа затекнати без знаци на живот. Екипите на Итната помош од Лесковац кои први стигнаа на местото им укажуваа помош на повредените. Имаше патници кои беа заробени во автобусот, нив ги ослободија припадниците на противпожарните спасувачки екипи на МВР. Најтешко повредените се транспортирани во Клиничкиот центар во Ниш. Еден од пациентите, кој беше прв згрижен, имаше симптоми на фрактура на черепот – изјавил еден од лекарите на Итната помош од Лесковац.

Според директорот на Заводот за итна медицинска помош од Ниш, Славољуб Живадиновиќ, кој бил на лице место со тимовите на Итна помош, повредените се во рекордно време префрлени во Клиничкиот центар, со оглед на снежните врнежи. За првпат е употребено новото санитетско возило кое има погон на четири тркала.

Од болницата во Лесковац велат дека 14 патници ќе бидат пуштени откако им била укажана лекарска помош. Тие ќе бидат згрижени во Лесковац, додека не дојде автобус од Македонија.

Се очекува македонското Министерство за надворешни работи да излезе со информација за тешката сообраќајна несреќа.

Увидот на терен извршиле нишката и лесковачката полиција, но уште не се  соопштува како дошло до несреќата. Се претпоставува дека лизгавиот коловоз е можна причина за несреќата, бидејќи во Лесковац вчера врнел дожд, а од полноќ непрекинато врне и снег.

Пациентите кои биле однесени во Ниш се наоѓаат на Клиниката за анестезија и интензивна терапија, и се здобиле со тешки повреди во несреќата.

-На одделот за Хирургија во болницата во Лесковац се четири пациенти со тешки повреди, но вон животна опасност додека на Ортопедија е еден човек, изјави за РТС  Јовица Вучковиќ, началник во болницата.

ФОТО  (Printskreen РТС)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...