Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, кои од вчера се во затворот во Шутка, а на кои им беше одреден 30дневен притвор за организација на 27 април, денеска биле нападнати.
Двајцата биле префрлени во болницата „8. Септември“.
Според првичните информации по инцидентот, на Јанакиески му била скршена раката, а доцна попладнево од ГОБ „8. Септември“ стаса соопштение дека по прегледот, кај Јанакиески не биле констатирани телесни повреди.
Од Управата на Затворот Скопје во Шутка соопштија дека вербалните инциденти ги предизвикале притворените Јанакиески и Ристовски, по што дошло и до физичка пресметка со две лица од затворот.