Локалните власти евакуираат училишта и детски градинки во Керч, на Крим по експлозијата во Техничкиот колеџ.
Руската војска подготви четири авиони ИЛ-76 на Воздушно-космичките сили за евакуација на ранетите од експлозијата во колеџот.
Руски Истражен комитет претходно соопшти дека експлозијата била причинета од рачно направена експлозива направа полна со метални парчиња поставена во мензата на факултетот.
К колледжу подъехали БТРы и военные с автоматами#Керчь pic.twitter.com/NCbvJF7wII
— Юлия Витязева (@Vityzeva) October 17, 2018
– Екплозијата се случи на првиот кат. Таа беше толку силна што се искршија прозорците на вториот кат. Не видов луѓе, но се зборува дека влегол маж и го убил портирот, а потоа дошло до експлозијата – раскажа сведок на настаните за Раша Тудеј.
На твитер се појави фотографија од наводниот терорист кој пукал во студентите на Техничкиот колеџ, а потоа активирал екплозивна направа.
Фотография террориста. Этого человека в Керчи сейчас ищут все. Если вы увидите его на улице – уходите сейчас же и звоните в полицию. И будьте предельно внимательны и осторожны. Берегите себя и близких… pic.twitter.com/QC5OUfQhqM
— Юлия Витязева (@Vityzeva) October 17, 2018
ФОТО: Твитер Спутник