ОБНОВЕНО: Возач не загинал во железничка несреќа, туку излетал од патот и паднал во канал

2276

СВР Скопје го корегираше извештајот од пред два часа за случените сообраќајни незгоди во изминатото деноноќие. Според новиот извештај, возач не загинал во железничка сообраќајна несреќа, туку починал откако излетал од стариот пат Петровец – Катланово и паднал во канал.

Несреќата, како што информира СВР Скопје, се случила вчера околу 17 часот пред Катланово.

Според билтенот на СВР Скопје, изминатите 24 часа во три од вкупно девет сообраќајни незгоди потешко повредени се две лица, а едно се здобило со лесни телесни повреди. Во пет сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Полицијата санкционирала 17 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, двајца кои возеле под дејство на алкохол и девет возачи пред да се стекнат со правото на управување моторно возило.

Од сообраќај биле исклучени и две технички неисправни и пет нерегистрирани возила. Полицијата издала и 96 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 72 возила.

Санкционирани се и седум возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, девет за неправилно престројување, пет за неправилно престигнување, еден возач кој не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, двајца возачи кои не поседувале зимска опрема во возилата, 19 за неносење сигурносен појас и 12 за користење мобилен телефон. Санкционирани се и шест пешаци кои поминале на црвено светло.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...