Апелацискиот суд за денеска во 14 часот закажа јавна седница по жалбата за притворот на Орце Камчев, кој е еден од осомничените во случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство.
Камчев има поднесено жалба на притворот со гаранција од околу 14 милиони евра.
Во меѓувреме, Специјалното јавно обвинителство побарало мерката притвор за Орце Камчев, Сашо Мијалков, Цветан Панделески и други осомничени во „Империја“ да се замени со куќен притвор.
Истото СЈО го предложи и за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски обвинети во случајот „Титаник“.
Одлуките треба да ги донесат судиите во Апелацискиот суд и Основниот суд Скопје.