Обновениот Биг Бен ќе ѕвони за Нова година

120

Лондонскиот Биг Бен, часовник на кулата во Вестминстерската палата, ќе заѕвони на полноќ на 31 декември, првпат по обновувањето на кулата.

Кулата на Елизабета на зградата на британскиот Парламент, висока 96 метри, претставува една од најфотографираните згради во Велика Британија, се реконструираше во последните две години.

Во овој период, фасадата на сите четири страни на часовникот беше преработена, стрелките беа обоени, а украсите во камен беа исчистени и обновени.

Дел од скелињата се отстранети во март, кога се потврди дека броевите на часовниците кои некогаш биле црни сега се обоени сино, која според мислењата на научниците, била оригиналната боја.

Уште од кога почна со работа во 2017 година, часовникот ѕвонеше само за важни настани.

Часовникот последен пат ѕвонеше на Денот на сеќавање, празник посветен на примирјето во Првата светска војна, 11 ноември.

Целосната реконструкција на Биг Бен треба да заврши во 2021 година.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...