Обновена уништената урбана опрема во парк шумата Гази Баба

122

Акцијата за чистење и обнова на урбаната опрема во парк шумата Гази Баба продолжува и овој викенд. Заеднички екипи на ЈКП Гази Баба и ЈП Паркови и зеленило и денеска на терен ја чистеа парк шумата Гази Баба, а поставена беше и нова урбана опрема, информираа од општината Гази Баба.

Целта на овие активности е да се заживее парк шумата, како убаво место за одмор и рекреација на граѓаните уживајќи во убава природа која се наоѓа во срцето на градот Скопје.

За жал, иако минатиот викенд при работните акции беше поставена и обновена урбаната опрема, по неколку дена истата беше целосно уништена. Денес при оваа акција беше извршена повторна интервенција и обновување на уништената урбана опрема.

Апелираме до сите граѓани да ја чуваат и одржуваат поставената урбана опрема и во парк шумата, но и низ целата општина, да ги сочуваме јавните зеленила чисти и отпадот кој при нашиот престој во природа го правиме да биде уредно собран во соодветните корпи.

Само на овој начин парковите нема да бидат претворени во депонии, а урбаната опрема ќе биде во функција. Свеста кај секој од нас мора да биде поголема, затоа што од нас зависи.  

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...