Облачно со сончеви периоди, попладне локална нестабилност

69

Променливо облачно време со сончеви периоди ќе преовладува денеска во Македонија. Попладне ќе има повремен дожд, а локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од седум до 15 степени,  а дневната ќе достигне од 18 до 26 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје слично време со локален дожд и услови за ретки грмежи попладне. Температурата ќе се движи од 11 до 25 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи. Во среда процесите ќе бидат поретки и со послаб интензитет, а од четврток условите за нестабилност повторно ќе се зголемуваат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...