Облачно со сонце и максимални 23 степени

125

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Локално ќе има изолирана појава на краткотраен дожд.

Утринската температура ќе се движи од четири до  12, а  дневната од 17 до 23 степени.

Во Скопје, умерено облачно со умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

Во почетокот на наредната седмица времето ќе биде посвежо со повремени врнежи од дожд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...