Облачно со снег и силен ветер

Во Скопје, претпладне облачно со слаби врнежи од снег и со умерен до засилен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се намалува. Температурата до -1 степен.

181

Времето денеска е облачно со повремени врнежи од снег, претежно со слаб, а во западните и јужните делови на места со умерен интензитет. Дува засилен, на повеќе места и силен северен ветер со до 80 км/час.

Во текот на денот ќе продолжи да дува умерен до засилен северен и североисточен ветер. Кон крајот на денот облачноста почнувајќи од север ќе се намалува.

Максималната температура ќе достигне од -5 до 2 степена.

Во Скопје, претпладне облачно со слаби врнежи од снег и со умерен до засилен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се намалува. Температурата до -1 степен.

Како што соопштија од УХМР, од утре следува период на суво и ветровито време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благ пораст.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...