Облачно, на некои места ќе има дожд и грмежи

194

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне со локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата ќе се движи од шест до 28 степени, а УВ индексот ќе изнесува шест.

Во Скопје слично време, со услови за краткотраен дожд, ретки грмежи и температура од 14 до 26 степени.

Утре се очекува поизразена нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, додека во среда, во раните утрински часови, се уште се можни слаби врнежи од дожд, но во текот на денот се очекува постепено стабилизирање на временската состојба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...