Облачно и дождливо, со северен ветер

112

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места ќе има врнежи од дожд, особено претпладне во западните делови. На планините над 1800 м.н.в. врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната шест до 17 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.  Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Од недела утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...