Облачно и дождливо, со засилен северен ветер

651

Времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, на планините од слаб снег. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Потоа, до крајот на неделава ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Демир Капија и Крива Паланка 34 литри на метар квадратен, во Штип 26 и во Гевгелија 22 литра. Дуваше и умерен ветер од северен правец. Утрово врнежите на повеќето места престанаа. Слаби врнежи од снег има во Крива Паланка и Крушево, а во Маврово има појава на магла со намалена видливост до 50 метри.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...