Облачно време, со локални врнежи од дожд и грмежи

УХМР информира дека од Албанија кон нашата земја навлегува поголема нестабилна воздушна маса од која има појава на пороен дожд и грмежи  во подрачјето од Шар Планина, Маврово, преку Полог, па сѐ до Скопската котлина.

145

Времето денеска ќе биде претежно облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат во јужните и источните делови од земјава, каде ќе има  ообилен дожд.

Локално се очекува да наврнат до 20 литри на метар квадратен.

Утринската температура ќе се спушти помеѓу 10 и 19, а дневната ќе достигне од 22 до 29 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, умерено облачно со услови за повремен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

УХМР информира дека од Албанија кон нашата земја навлегува поголема нестабилна воздушна маса од која има појава на пороен дожд и грмежи  во подрачјето од Шар Планина, Маврово, преку Полог, па сѐ до Скопската котлина. Нестабилност има и во Мариовско, потоа во околината на Радовиш и на Струмица. Процесите се преместуваат од запад кон исток.

Следните денови ќе се задржи променливо и посвежо време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат проследени со грмежи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...