Облачно време со дожд и снег

209

Времето во Македонија ќе биде облачно, претпладне со дожд и снег на пониските места, пообилни ќе бидат во источните делови, а во попладнвните часови постепено ќе престануваат.

Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од нула до осум степени.

Во Скопје слично време, облачно со повремени врнежи од дожд и снег.

Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе достигне до пет степени.

Нов студен и влажен бран ќе има во петок кога ќе има пообилни врнежи, особено во јужните делови. Заради заладувањето врнежи од снег ќе има и во некои пониски места каде што ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 20 сантиметри.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...