Облаци од прашина се креваат по секое возило што поминува на улицата Огњан Прица откако деновиве е изгребан горниот слој од асфалтот.
Локалните власти решиле да ја реконструираат улицата, но не се погрижиле за животната средина и за воздухот што го дишат станарите од околните згради, минувачите и децата од основното училиште, кое е во непосредна близина.
Нема ниту едно црево за прскање со вода за да се симне прашината, која надвисна над овој дел од улицата.