Облак со сахарски песок му се заканува на Балканот

На почетокот на следната недела облакот ќе продолжи да се движи кон исток, па во текот на ноќта меѓу понеделник и вторник се очекува да стигне до северозападните делови на Балканот, пред се во Хрватска.

1752

Западна Европа кон крајот на неделава ќе биде погодена од голем облак од сахарски песок, што претставува ретка метеоролошка појава, објави сајтот „Севр Ведар Јуроп“.

Сајтот наведува дека облакот ќе ги зафати Франција, делови од Шпанија и Португалија, речиси целиот Апенински Полуостров, земјите од Бенелукс, како и западниот Медитеран, каде ќе биде и најголемата концентрација на песокот.

Облакот е предизвикан од силен циклон што од Северна Африка се движи кон Европа.

Првите знаци на облакот уште во текот на денов пристигнаа во западните делови на Средоземното Море, како и во јужна Шпанија.

На почетокот на следната недела облакот ќе продолжи да се движи кон исток, па во текот на ноќта меѓу понеделник и вторник се очекува да стигне до северозападните делови на Балканот, пред се во Хрватска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...