Обид за киднапирање автобус во Љубљана, едно лице убиено

2768

Едно лице е убиено во автобус од градскиот превоз на Љубљана, откако се заканил дека ќе го киднапира возилото и ќе го убие возачот.

Љубљанско „Дело“ наведува дека непозната личност го принудила возачот на градски превоз, кој возел на редовна линија, да сврти кон обиколницата, заканувајќи му се дека ќе го убие со шрафцигер. Но, возачот останал присебен и свртел во правецот во кој сакал киднаперот, но потоа намерно минал на црвено светло на семефор за да ја предупреди полицијата.

Словенечката полиција соопшти дека дошло до инцидентот и оти едно лице настрадало, а неофицијално, тоа е киднаперот на автобусот.

Локалните медиуми соопштуваат дека и една од патничките наводно успеала да ја алармира полицијата за инцидентот, кој се случил синоќа околу 21 часот, додавајќи дека полицијата неколку пати се обидела да го запре возилото, по што киднаперот бил убиен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...