Скопската полиција поднела кривична пријава против Р.Р.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека на 23 и на 24 јуни извршил две кривични дела „тешка кражба“.
Тој на на улицата „Благоја Паровиќ’’ во Скопје, заедно со уште едно лице скршиле странично стакло на паркирано такси возило и одзеле пари. Другиот ден на улицата „Струмичка“ во Скопје, исто така, на такси возило скршил странично стакло и одзел пари.
Веднаш потоа, тој бил лишен од слобода.