Град Скопје: Обележани се 153 пешачки премини

197

Градот Скопје и јавното претпријатија „Улици и патишта“ редовно работат на обновување на постојната и поставување нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на булеварите и на улиците во наша надлежност, реагира Градот на текстот „Сите пешачки премини во Скопје избришани! (ФОТО)“, објавен во Плусинфо.

Од таму велат дека насловот на текстот и неговата содржина не кореспондираат со состојбите на терен и прикажуваат нереална состојба.

– Од аспект на бележење на хоризонталната сигнализација на градските сообраќајници, сакаме да ја информираме јавноста дека активностите почнаа на 1 мај  и заклучно со 31 август обележани се вкупно 153 раскрсници со пешачки премини, 50 автобуски стојалишта, коловозите пред училиштата, како и сите велосипедски патеки. Во рамките на овие активности рачно е обележана вкупна површина од 18.295 квадратни метри, додека машински е обележана површина од 24.462 квадратни метри – велат од градот.

Како новитет во работата на јавното претпријатие, во насока на намалување на сообраќајниот метеж и потешкотии, е извршување на овие активности во вечерните часови, поточно ноќно бележење на улиците.

Градот Скопје и јавното претпријатија „Улици и патишта“ ќе продолжат со своите напори за подобрување на означеноста на градските сообраќајници и зголемување на безбедноста во сообраќајот на сите негови учесници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...