Општина Аеродром од 1 септември ги презема трошоците за обезбедување на основните училишта и детските градинки што до сега ги плаќаа родителите, соопшти Општината.
– Преку овој проект не само што се грижиме за безбедноста на децата, туку сакаме и да им помогнеме на родителите да ги намалат трошоците за образование на своите деца. Општина Аеродром за обезбедување на училиштата и градинките во својот Буџет предвиде пет милиони денари. Одлуката за преземање на трошоците за обезбедување на училиштата и градинките е дел од пакетот мерки за помош на родителите на стартот на новата учебна година, заедно со еднократната помош од 3.500 денари за секое прваче – велат од Општината.