Обезбедувањето спречило новоизбран шпански европратеник да влезе во ЕП

174

На новоизбраниот шпански европратеник Карлес Пуџдемон не му било овозможено  да влезе во Европскиот парламент, објавија медиумите во Брисел.

Откако вчера се обидел да земе пропусница од ЕП во Брисел, Пуџдемон поминал на проверка за безбедност, но бил спречен од обезбедувањето. На Пуџдемон му било кажано дека не е во списокот на лица со право на пристап до зградата.

Списокот се подготвува по податоци од државате чии граѓани се избрани за европратеници. Шпанските власти не му го внеле името во спискот до администрацијата на ЕП, и поради тоа нему не му било дозволено да влезе во зградата.

Пуџдемон избега во Белгија во 2017 година по неуспешниот обид за прогласување на Каталонија за независна држава. Тој е обвинет од шпанските власти за поттикнување бунт.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...