Обезбедени пари за реконструкција на 7 студентски домови и изградба на систем за наводнување

Програмата за наводнување чини 110,7 милиони евра, од кои 80 милиони евра зе заем од КФВ со отплата од 15 години и грејс период од 5 години. Банката обезбедува и грант од 2,8 милиони евра, а 27,9 милиони евра обезбедува владата. Вториот заем изнесува 20 милиони евра и грант од 4,7 милиони евра за постигнување на енергетска ефикасност на студентски домови.

529

Со кредит во висина од 100 милиони евра и грант во износ од 7,5 милиони евра обезбедени преку германската КФВ банка во наредниот период ќе се реализираат два проекти во земјава. Со привиот проект се очекува 14 илјади хектари земјоделска површина да добие наводнување преку систем за наводнување, а со вториот проект седум студентски домови ќе станат енергетски ефикасни.

Ова беше соопштено на денешното потпишување на договорите за финасирање на проектите меѓу министерката за финансии Нина Ангеловска, директорот на Секторот за енергија и транспорт на КфВ за ЈИЕ и Турција, Пабло Обрадор, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, министерот за образование и наука Арбер Адеми и заменик амбасадорот на СР Германија, Ото Граф.

– Програмата за наводнување чини 110,7 милиони евра, од кои 80 милиони евра зе заем од КФВ со отплата од 15 години и грејс период од 5 години. Банката обезбедува и грант од 2,8 милиони евра, а 27,9 милиони евра обезбедува владата. Вториот заем изнесува 20 милиони евра и грант од 4,7 милиони евра за постигнување на енергетска ефикасност на студентски домови. Овој заем има рок на отплата 15 години и грејс период од 5 години. Каматната стапка за проектот за наводнување е  0,34 отсто, а за струдентските домови 0,50 отсто – инофрмира Ангеловска.

Со програмата за наводнување ќе бидат изградени системи за наводнување по текот на реката Вардар и мали хидроелектрани во рамки на браната „Лисиче“, додека со реализацијата на проектот за енергетска ефикасност ќе се реконструираат и енергетски ќе се подобрат студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид.

– Со Програмата за наводнување ќе се подобрат условите за производство и зголемена вредност на целиот сектор. Ќе овозможи опстанок и на младите да отвораат бизниси, а фармерите ќе станат поконкурентни – рече министерот за земјоделство Димковски.

Проектот за енергетска ефинасност на струдентските домови како што рече министерот за образование Арбер Адеми ќе почне да се реализира следната година и треба да заврши до 2024 година.

– Зборуваме за темелна реконструкција на објектите и новно енергетско ефикасно подобрување. Замена на врати прозори покривни конструкции, нови фасади замена на електрична и водоводна инсталација, обнова на санитарните јазли и кујните, осносно се што е потребно за подобрување на условите во домовите – рече Адеми.

Директорот на Секторот за енергија и транспорт на КфВ за ЈИЕ и Турција, Обрадор, рече дека дел од парите односно грантовите се обезбедени од Европската унија и Европската комисија кои ги поддржуваат двата проекти.

Заменик амбасадорот на СР Германија, Ото Граф рече дека се финасираат два значајни проекти кои се значајни за подготовката на македоснкиот земјодлески сектор за влезот во европската унија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...