Обединување на обесправените родители – од Вардар па до Триглав

Викендов во Нови Сад се состанаа претставници на пет здруженија и иницијативи од четири земји во регионот (Југославија во мало), на иницијатива на DOOR (словенечко здружение за заедничко старателство после развод), со цел да се обединат во борбата, обесправените родители да добијат можност да продолжат да бидат родители и по разводот на бракот.

429

Во саботата, во Нови Сад, значи некаде на половина пат помеѓу Љубљана и Скопје, се одржа основачки состанок на сродни здруженија и иницијативи од регионот чија заедничка цел е во националните законодавства на секоја од четирите држави (Македонија, Србија, Хрватска и Словенија) да се направи промена на постојната легислатива и да се воведе заедничкото старателство како априорно решение по разводот на бракот.

Иако имаат меѓусебни разлики во однос на модалитетите кои одат од т.н. состарна словенечки: состаршевство или ко-родителство, су-родителство, заедничко, урамнотежено и слично, сите имаат ист проблем и иста цел: Децата да имаат колку што е можно поизбалансиран однос и контакт (во секој аспект – физички, емоционален, економски) со двајцата родители, и замена на досегашната пракса децата да растат и да се воспитуваат само или главно, во друштво на едниот родител (по разводот на бракот).

Како што рече и домаќинот на оваа средба, Дејан Павловиќ, претседател на здружението на татковци од Нови Сад, оваа средба е последица од тоа што, за жал, во државите на некогашна Југославија, сѐ уште се во пракса застареното семејно законодавство и застарената семејна пракса кои не водат сметка за правото на детето да биде со двајцата родители и по разводот на бракот.

Во саботата (10.ноември) се одржа состанок, по кој следуваше и прес-конференција на која беше потпишана Декларација за соработка со јасно дефинирани заеднички правци на дејствување во матичните земји.

Станува збор за Декларација потпишана помеѓу претставници на Здружението на татковци од Нови Сад, Србија, Хрватското здружение за рамноправно родителство (кои за жал не присуствуваа на средбата, но ја дадоа својата поддршка и согласност дополнително да ја потпишат истата), потоа, иницијаторите од Словенија – DOOR (Društvo za otroke, očetovstvo in resnico или Здружение за децата, татковците и вистината), уште едно здружение од Словенија – Društvo očetov Slovenije (Здружение на татковците на Словенија) и граѓанската иницијатива за заедничко и одговорно родителство после развод од Македонија.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...