Обединети за Македонија: Со „метод Иванов“ ВМРО-ДПМНЕ избра поранешен министер на СДСМ

1617

На денешната конвенција ВМРО-ДПМНЕ го избра кандидатот за претседател на државата – тоа е Гордана Силјановска Давкова, поранешен министер во владата на СДСМ и жесток противник на Преспанскиот договор. Со партиски избор на навидум надпартиски кандидат, се прави обид за повторување на „методот Иванов“од 2009 година. Тогашната академската заедница го иницира и се заложи за Иванов, за тој потоа да ја добие, оправда и одработи агендата на ВМРО-ДПМНЕ, односно на ДПМНЕ, реагираат од партијата на Љубе Бошкоски, Обединети за Македонија .

„Следејќи ги внимателно говорите на кандидатите, видовме дека некои се претставуваат надпартиски, а веќе денес искажуваат култ кон Мицкоски! Други пак, се служеа со фашистички реторики и лажен национализам, трети  бараа дом во ДПМНЕ по поминати бројни партии, а видовме и докажани комунисти, сврзани со Белградско-Московската линија. Меѓу делегатите, за жал, беа и наши поранешни членови, луѓе со нечиста совест, луѓе кои го креираа политичкиот реваншизам на ДПМНЕ против нашиот претседател Љубе Бошкоски!“, наведуваат во соопштението.

Оттаму заклучуваат дека ДПМНЕ сѐ уште живее во 19. век, а предлага кандидат за претседател за во 21. век.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...