Вооружени групи планирале напад врз колумбискиот претседател Иван Дуке додека бил во посета на автохтони групи во југозападниот дел на земјата, соопшти денеска државниот обвинител Нестор Умберто Мартинез.
Дуке се сретна со лидерите на автохтоните заедници за да се стави крај на 27-дневната блокада која доведе до недостиг на плин и храна во југозападниот дел на земјата.
– Имаме доверливи информации дека за време на состанокот со лидерот на племето Каучи, вооружени групи кои се инфилтрирале во една локална организација, сакале да извршат терористички напад кој можел да ја загрози безбедноста на претседателот Дуке – рече обвинителот.
ФОТО: EPA / BRYAN R. SMITH