Обвинителство ја чека Антикорупциска за Матка, Беџети чека да му заврши одморот

486

Градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, е на годишен одмор, па кога ќе се врати ќе се огласи за дивите платформи на Матка, велат од Општината откако вчера Антикорупциската комисија заклучи дека тој треба кривично да одговара.

Дали Беџети ќе биде гонет кривично последниот збор ќе го има Обвинителството кое ќе ја разгледува документацијата, па ќе одлучи дали има основ да покрене истрага.

– Во јавното обвинителство до овој момент не е пристигната иницијатива за кривично гонење од Државната комисија за спречување на корупција во врска со настанот за кон покажувате интерес. По пристигнување на иницијативата, целокупната документација ќе биде разгледана и ќе се постапи во насока на проверка на наводите – велат од обвинителството.

Антикорупциска случајот го истражуваше подолг период на кој му претходеше играње пинг-понг меѓу институциите за тоа кој ги има надлежностите за Матка.

Заклучокот до кој дојдоа членовите на оваа комисија е дека градоначалникот не смее да легализира платформи бидејќи се времени објекти, а наместо да ги одбие барањата за легализација, тој ги чувал во фиока.

Антикорупционерите посочија и дека Матка треба да се прогласи за заштитено подрачје. Какви се плановите на Владата во таа насока и дали евентуално ќе се одземаат надлежности на Општина Сарај, засега нема одговор од Илинденска бр. 2.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...