Обвинителство: Се вештачат мобилните на Курто Дудуш и тепаниот

127

Скопското обвинителство денеска добило писмено известување од Секторот за внатрешни работи – Скопје за објавата на аудио снимка на порталот „Лидер“, како и статија со наслов „Аудио Бомба: Градоначалникот на СДСМ тепа и измачува киднапиран човек“, соопшти Обвинителството.

Надлежен јавен обвинител издал наредба за вештачење на мобилните телефони на градоначалникот Курто Дидуш и на лице споменувано во снимениот материјал.

– Телефонските апарати ќе се вештачат заради црпење податоци од меѓусебната комуникација на овие две лица и за утврдување дали на нив постојат неовластено снимани материјали. До  мобилните оператори е издадено барање за обезбедување на листинзи од телефонските броеви за да се утврди меѓусебната телефонска комуникација на двете лица, стои во соопштението.

Надлежниот јавен обвинител до СВР Скопје издал наредби и насоки да продолжи со истражување на целиот кривично-правен настан, односно да обезбеди податоци околу неовластеното снимање на настанот, да утврди што точно се случило, дали некое лице е нападнато и од кого, дали притоа се здобило со телесни повреди, кога настанот е пријавен и на кој начин е евидентирана пријавата, дали повреденото лице располага со релевантна медицинска документација за повредите, дали врз основа на таа документација е поднесена приватна тужба и други околности.

– По преземање на сите овие дејствија, доколку притоа бидат обезбедени релевантни докази за сторени кривични дела кои се гонат по службена должност, СВР Скопје е задолжено да поднесе кривични пријави против сторителите на тие кривични дела – вцелат од Обвинителството.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...