Обвинителство: По сообраќајката, внуката сѐ уште е во тешка состојба

663

Дежурен јавен обвинител синоќа изврши увид на лице место на булеварот „Србија” во Скопје, каде што се случи тешка сообраќајна несреќа во која беа повредени три лица пешаци – возрасни маж и жена и нивната тригодишна внука.

– Поради сериозноста на повредите, жената и нејзината внука итно беа пренесени во Ургентниот центар. Во текот на ноќта жената починала, додека девојчето сѐ уште се наоѓа во тешка здравствена состојба – велат од обвинителството.

Веднаш по несреќата јавниот обвинител издал наредба за проверка на присуство на алкохол и наркотици во крвта и урината на возачот. Возилото е подигнато од местото на несреќата и предадено на вештачење, а се преземаат и сите неопходни дејствија за утврдување на фактите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...