Основното јавно обвинителство од Прилеп соопшти дека работи на утврдување на причините за несреќата во која загинаа двајца параглајдеристи на турнирот на „Мечкин Камен“.
Во текот на вчерашниот ден, надлежен јавен обвинител и екипа на крим-техника од Министерството за внатрешни работи извршиле увид на местото каде двајца параглајдеристи ги загубија животите.
„ Издадена е наредба за обезбедување на траги и докази, наредба за симнување на видео запис и наредби за исчитување на податоците од лајф-трекер системите на параглајдерите“, соопшти ОЈО од Прилеп.
Исто така е издадена и наредба за за обдукција врз телата на починатите. за да се утврди причината за смртта.
Несреќата се случи вчера околу 12.30 часот во близина на Крушево, кај месноста „Мечкин Камен“ за време на одржување на турнир за параглајдери British Open Championship 2018.
Во несреќата животот го загубија едно лице од Украина и едно лице од Велика Британија.
Украинецот (56) кој летал како турист при пад на параглајдерот починал на самото место, додека параглајдеристот од Велика Британија (54) – учесник на турнирот при падот со параглајдерот се здобил со тешки телесни повреди и со знаци на живот е пренесен во болницата во Прилеп каде починал за време на обидот за реанимација.