Не само за Бојан Јовановски, Боки 13, туку и за останатите осомничени во „Рекет“, Зоран Милески – Кичеец и Катица Јанева, е завршена истрагата, соопштија од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
– Од денес тече рокот од 15 дена за увид во доказите за првоосомничените лица и правото на одбраната да предлага докази во корист на осомничените. Воедно, обвинителството укажува дека давањето на исказ на осомничено лице не е процесно дејствие, што подразбира дека одбрана, односно исказ, може да се даде и во законскиот утврдениот рок кога се врши увид во доказите – велат оттаму.
Во текот на утрешниот ден е повака и Катица Јанева кога ќе биде информирана дека истрагата е завршена.