Основното јавно обвинителство Скопје со доставување жалба, му предлага на Врховниот суд да ја преиспита донесената пресуда на Апелацискиот суд за сообраќајката кај Универзална сала во која животот го загуби Фросина Цековска од Крива Паланка.
За потсетување, обвинетиот возач Љубиша Видојковиќ првпат од Кривичниот суд беше осуден на 6 години затвор, а Апелација го врати случајот на повторно судење. Во повторениот судски процес тој доби затвор од 4 години, па второстепениот суд ја намали казната на 3 години. Како една од причините за намалувањето беше тоа што тој признал вина.
Како што соопшти Јавното обвинителство, жалбата е поднесена по две основи: поради суштествена повреда на одредбите на Законот за кривична постапка, како и поради одлуката за изречената кривична санкција од Законот за кривична постапка.
„Основното јавно обвинителство Скопје преку Апелацискиот суд Скопје до Врховниот суд достави жалба на пресудата на Апелацискиот суд Скопје од 08.04.2019 година во врска со сообраќајната несреќа што се случи на 03.04.2015 година на булеварот „Партизански Одреди“ во која животот го загуби Фросина Цековска од Крива Паланка“, информира Обвинителството.