Скопското обвинителство поднесе обвинителен акт за мајката на 13-месечното бебе кое лани во јули имаше скршеница на черепот, нагмечување на мозокот и скршеници на рацете и нозете.
Таа се товари за делото запуштање и малтретирање на дете, а обвинителството бара судот да ѝ изрече и мерка задолжително психијатриско лекување на слобода.
Мајката делото го сторила додека таткото на бебето бил во затвор, повремено го оставала само, без родителска крижа. Од лекарските наоди, констатира обвинителството, кај детето биле констатирани скршеница на коските на черепот, крварење на тврдата мозочна обвивка, нагмечување на мозокот, скршеници на коските на двете нозе и на двете раце.
На мајката и биле правени и психијатриски вештачења кои покажале дека таа не била во стабилна состојба.
„Од резултатите на наредените психијатриски вештачења врз сега обвинетото лице произлезе дека таа делото го сторила во состојба на битно намалена пресметливост, при која имала намалена способност да го разбере делото и намалена состојба да управува со своите постапки заради намалена моќ на расудување, сфаќање и одлучување, односно намалена способност за анализирање на своите постапки и за разбирање на суштината на своето дејствување“, соопштија од обвинителството.