Од новата тркалезна зграда на обвинителството која се наоѓа на кејот на Вардар во центарот на Скопје исчистена е фасадата од бојата која се фрлаше за време на Шарената револуција пред околу три години.
За чистење на фасадата пред нешто повеќе од еден месец беше објавен и тендер во вредност од околу 2.000 евра.
Покрај бојата, отстранети е и написот со старото име на државата. Во таа зграда сместени се Јавното обвинителството на Република Северна Македонија, Вишото јавно обвинителство Скопје и Основното јавно обвинителството Скопје.
Во моментов, стојат написите на скопското и вишото обвинителство, додека другиот е отстранет и на негово место треба да се закачи со новото име.