Основното јавно обвинителство се уште чека МВР да си ја зарши работата околу случајот со Курто Дудуш, градоначалник на Шуто Оризари за кого пред повеќе од месец и поливина се појави аудио снимка на која се слушаат пцовки и малтретирање на вработен во општината, за што подоцна, неговиот адвокат поднесе кривична пријава дека бил тепан и малтретиран од градоначалникот Дудуш.
Обвинителството неодамна издаде налог да се вештачат мобилни телефонски апарати на две лица – на градоначалникот на Шуто Оризари и на лицето споменувано во снимениот материјал и да се обезбедат податоци околу неовластеното снимање на настанот, но и на физичкото матретирање на човекот во снимката што се појави во јавноста. Во контекст на ова, денеска побаравме одговор од ОЈО до каде е истрагата за овој случај:
– Од страна на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје дадени се наредби до Министерството за внатрешни работи , Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика за вештачења на два мобилни телефони за да се утврди дали на нив има снимен материјал и други податоци кои се однесуваат на кривично правниот настан. Тие вештачења се уште не се изготвени и доставени до обвинителството. Воедно, обвинителството побара од МВР да бидат направени проверки и да бидат обезбедени докази во поглед на евентуално здобиени повреди на едно од лицата, односно обезбедување на медицинска документација и дополнителни податоци – велат од ОЈО.